Македонија

Наутро минусни температури, преку ден сончево со локална облачност

Наутро минусни температури, преку ден сончево со локална облачност

Утрото студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -6, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.

Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 5 степени.

Во понеделник и вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и повисоките места, особено во западните делови каде што ќе се формира нова снежна покривка.

Во пониските места врнежите ќе бидат од дожд и снег. Од понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец кој што ќе допринесе утринските и дневните температури да бидат во пораст.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни