Македонија

Спречени исплатите: УЈП со детали за случајот со нафтените компании

Спречени исплатите: УЈП со детали за случајот со нафтените компании

Управата за јавни приходи денеска со детали за случајот во кој нафтени компании со лажни фактури сакале да добијат поврат на ДДВ и исплати по основ на Данок на личен доход.

Тие информираа дека спроведени биле контроли кај три даночни обврзници регистрирани за вршење дејности трговија со нафта и нафтени деривати на големо и мало кои пристапиле кон изигрување на законите преку промена на назив и седиште на правното лице, како и промена на сопственичката и управувачката структура, без да имаат пријавени вработени, соодветни лиценци од Регулаторната комисија за енергетика, бензинска пумпа и складишен простор, служејќи се со фиктивни фактури за милионски суми.

„Нема оштетување на Буџетот затоа што даночните службеници спречиле исплати за поврат на ДДВ од 160.117.130 денари и за Данок на личен доход од 18 969.998 денари“, информираше директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Според неа, станува збор за три даночни обврзници и петмина добавувачи, а за овие случаи УЈП доставило писмени пријави и докази до Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи на 15 ноември 2023 година.

Таа додаде дека пријава имало доставено и до Управата за финансиска полиција и тоа на 1 декември 2023 година.

Станува збор за утврдени неправилности по основ на ДДВ кај првиот 79.350.190 денари, кај вториот од 26.090.205 денари, додека пак во третиот случај биле 54.676 милиони денари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни