Пола Битола без струја сред зима

Централното градско подрачје на Битола, населбите Баир, Ушици, Стрелите со неколку стотици домаќинства вечерва се без струја, пишува Апла.мк

Од Контакт центарот на ЕВН соопштија дека поради дефект на електричната мрежа без струјно напојување е централното подрачје на Битола и околните населени места. Од таму велат дека нивни тимови се излезени на терен за да овозможат непречено снабдување со струја.

Струја нема од 19.30 часот вечетва. Во деловите кои се без напојување има голем  број на семејства кои се греат на струја, па ситуацијата предизвикува загриженост кај нив.

„Поради испад на трафостаница дел од битолското градско подрачје во моментов е без електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција се на терен и работат на отстранување на дефектот. Снабдувањето со електрична енергија наскоро ќе се нормализира“, велат од ЕВН.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.