Македонија

Едно лице загина по пожар во куќа во село Отошница, Ранковце

Едно лице загина по пожар во куќа во село Отошница, Ранковце

Регионалниот ЦУК Куманово, информира дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Ранковце, од околу 04:20 часот интервенирале поради опожарена куќа во с.Отошница, во Општина Ранковце.

Според известувањето од ТППЕ во пожарот има и починато лице.

За да може побезбедно да се интервенира, околу 04:45 часот било побарано и ЕВН да ја исклучи струјата во тој реон.

За настанот, покрај Итната медицинска помош, се известени и МВР СВР Куманово.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни