Идниот премиер Талат Џафери се огласи на својот Фејсбук профил.
Тој објави фотографија со лидерот на ДУИ, Али Ахмети и порача дека човекот се памети по делата кои ги остава во наследство за идните поколенија и патеките кои ги трасира во историјата.
„Не постојат доволно силни зборови кои го опишуваат придонесот и визионерството на Али Ахмети во градењето на модерната историја на нашата државата. Денес сведочиме на уште еден историски ден на нас!“, напиша Џафери.