Македонија

Приведен крадец во гостиварско, извршил разбојничка кражба над малолетник

Приведен крадец во гостиварско, извршил разбојничка кражба над малолетник

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (29 јануари) околу 17 часот и 15 минути во гостиварска Горна Бањица лишиле од слобода малолетник од населба Фазанерија.

Тој се сомничи дека на 27-ми овој месец во Гостивар извршил разбојничка кражба над друг малолетник од населбата Циглана и му одзел личен предмет.

Одземениот предмет вчера е пронајден и вратен на мајката на малолетникот.

По целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе следува соодветен поднесок.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни