Македонија

Владата ќе дели ваучери од 25.000 денари за клима-уреди, граѓаните можат да аплицираат од утре

Владата ќе дели ваучери од 25.000 денари за клима-уреди, граѓаните можат да аплицираат од утре

Министерството за економија од утре ќе објави јавен повик, каде што ќе дели ваучери во вредност од 25 илјади денари по домаќинство, за домаќинствата од пелагонскиот и југозападниот регион.

Веќе се определени вкупно 100 милиони денари за семејствата од овие општини, со цел да вложат во енергетска ефикасност.

Министерот Бектеши ги повика граѓаните да аплицираат, доколку ги исполнат условите кои ќе бидат објавени на страницата на Министерството.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни