Македонија

Екс директор на Онкологија и доктори осомничени за злоупотреби и измами при лекување на болни од рак

Екс директор на Онкологија и доктори осомничени за злоупотреби и измами при лекување на болни од рак

Јавното обвинителство отвори истрага за случајот во Клиниката за радиотерапија и онкологија, вклучувајќи двајца директори и тројца онколози.

Поранешниот директор Нино Васев е осомничен за седум кривични дела поврзани со злоупотреба на службената положба и измама. Организацискиот директор, Нејат Нухи, е исто така осомничен за измама.

Тројца лекари се обвинети за помош во овие злосторства.

Истрагата открила финансиска злоупотреба во износ од околу 30 милиони евра. Мерките вклучуваат куќен притвор и одземање на патни исправи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни