Македонија

Жена од Малта и маж од Италија се степале во скопски Аеродром, полицијата ги приведе

Жена од Малта и маж од Италија се степале во скопски Аеродром, полицијата ги приведе

На 01.02.2024 во 14.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле 34-годишната А.Д. од Малта и В.Б.(32) од Италија, кои живееле во вонбрачна заедница, затоа што околу 13.00 часот на подрачје на Аеродром, по претходна расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

Тие биле задржани во Полициската станица Аеродром и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни