Министрите за информатичка технологија и администрација, Азир Алиу и за здравство, Фатмир Меџити пред околу еден час најавија прес конференција во медиа центарот на Владата.
Но, истите не биле пуштени во Медиа Центарот, со објаснување дека наводно има технички проблеми па пресот е преместен пред Владата.
„Почитувани претставници на медиумите, Ве покануваме да присуствувате на прес-конференцијата на министерот за информатичка технологија и администрација, Азир Алиу и министерот за здравство, Фатмир Меџити. Конференцијата ќе се одржи денес (вторник) 06.02.2023 година во Медиа Центар и РМВ со почеток во 18:00 часот“, напишаа од таму.
Претходно, од Алијанса за Албанците најавија дека ќе бараат од премиерот Талат Џафери разрешување на министерот на МИОА и министерот за здравство.