Македонија

Роковник за парламентарни избори 2024: Од 18-ти април до 6-ти мај изборна кампања

Роковник за парламентарни избори 2024: Од 18-ти април до 6-ти мај изборна кампања

Државната изборна комисија го утврди роковникот за парламентарни избори 2024 година. Во продолжение поважните рокови:

  • Од 14-ти февруари до 27-ми април рок за барање и аплицирање за акредитации до ДУК од домашни и меѓународни организации за набљудување на изборите
  • Од 14-ти февруари до 17-ти тече рокот за радиодифузерите за регистрирање во ДИК
  • Од 14-ти февруари до 19-ти февруари радиодифузерите, печатени и електронски медиуми тече рокот за достава на ценовниците.
  • Од 23-ти февруари до 8-ми март тече рокот за собирање на потписи за подносители на листи за претеници
  • Од 28-ми февруари до 18-ти март започнува јавниот увид во избирачкиот список
  • До 29-ти февруари ДИК ги објавува ценовниците на веб страницата за радиодифузерите, печатените и електронски медиуми
  • 18-ти март е крајниот рок за пријавување на гласачите што сакаат да гласаат во ДКП
  • 26-ти март рок за достава на предлози за членови на избирачки одбори од страна на партиите согласно ИЗ
  • Кандидатските листи за пратеници за парламентарните избори треба да се достават до 2-ри април
  • До 13-ти април ждрепка за листи
  • Од 18-ти април до 6-ти мај Изборна кампања
  • До 2-ри мај може да се објавуваат анкети и испитувања на јавното мислење
  • До 5-ти мај до ОИЕ Овластени подносители на листи или контролори на партиите
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни