Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари ќе биде кандидат за претседател од албанскиот опозициски блок. Кандидатурата ќе ја објави на прес-конференција на градскиот плоштад во Гостивар. Најавено е присуството и на Меџити, Гаши, Касами и на претставникот на „Самоопределување“ од Косово, Беким Ќоку.
Ваквиот исход доаѓа на два дена пред конгресот на Алијанса за Албанците, кој го свика претседателот на Централното собрание, Зијадин Села.