Македонија

Претседателот Пендаровски на средба со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Претседателот Пендаровски на средба со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Претседателот Стево Пендаровски на маргините на 60. Минхенска безбедносна конференција, вчеравечер оствари средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

На средбата, двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи, изразувајќи задоволство од негувањето на традиционалното партнерство и пријателство меѓу двете држави.

Претседателот Пендаровски и претседателот Милатовиќ оценија дека Северна Македонија и Црна Гора, како сојузници во НАТО и земји со стратешка определба за членство во ЕУ, споделуваат исти вредности, притоа нагласувајќи ја потребата од засилена регионална соработка, како клучен предуслов за одржување на стабилноста и поголем економски просперитет на земјите од Западен Балкан.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни