Македонија

Ковачевски и Спасовски ќе примаат по 2.500 евра месечно апанажа цела година, екс премиерот побарал и службена кола

Ковачевски и Спасовски ќе примаат по 2.500 евра месечно апанажа цела година, екс премиерот побарал и службена кола

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски одат на апанажа.

Пред десетина дена, во речиси празната сала „Борис Трајковски“, дел од членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ги усвоија решенијата за остварување на правото на апанажа на двајцата членови на кои им престанала функцијата.

Надоместокот е во висина на платата што именуваното лице ја добивало додека било на функцијата. Со одлуката на Уставниот суд за укинување на членот 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, висината на апанажата што ќе ја добива поранешниот премиер Димитар Ковачевски ќе биде 156.482 денара, додека на Оливер Спасовски 153.037 денари, колку што им биле и платите додека ја вршеле функцијата.

Покрај правото на апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, кое му следува во согласност со Законот за возила.

Извор: Блумберг Адриа

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни