Македонија

ВИДЕО Запалено возило и гаража во Кавадарци – Јанчев: Можело да се случи голема катастрофа, местото е со густо населени куќи!

ВИДЕО Запалено возило и гаража во Кавадарци – Јанчев: Можело да се случи голема катастрофа, местото е со густо населени куќи!

Во Кавадарци ноќеска било запалено возило и гаража.

„По добиена дојава за запалено возило и гаража, ТППЕ Кавадарци интервенираше со 3 возила и 6 пожарникари.

Пожарот за кратко време е локализиран. Оштетено е едно возило голф 4 ( бензин/плин ), трактор и дел од гаражата. Според очевидци пожарот настанал од тракторот но причината засега е непозната.

Благодарение на брзата интервенција и професионалната екипа пожарникари, пожарот не е проширен, се работи за место со густо населени куќи и можело да се случи голема катастрофа“, пишува Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни