Корисник на социјалните мрежи објави видео во кое може да се види дека со стар пасош на кој нема „северна без проблем влегол во Хрватска, на граничниот премин Батровци – Бајаково.
„Во Хрватска со стар пасош. Со стар пасош можеш било каде освен во Македонија“ – напиша патникот на социјалните мрежи.
Многумина го користат граничниот премин со Србија каде може да се излезе со стара лична карта а потоа, од таму се упатуваат кон Хрватска каде што го примаат стариот пасош. Од Хрватска Европа е веќе отворена и преку Шенген се стига речи си секаде.
Вчера на социјалните мрежи имаше и информации за патници кои на истиот начин стигнале во Италија, откако претходно морале да се вратат во Македонија поради смртен случај.
