Македонија

Скопскиот аеродром без струја

Скопскиот аеродром без струја

Скопскиот аеродром попладнево остана без струја. Причината е скинат кабел за струја.

“Изведувачка фирма при ископ утрово го оштетила кабелот кој го снабдува терминалот Аеродром. Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен, но се работи за оштетен подземен 20кВ кабел и доста комплексен дефект кој одзема време за да се санира. Екипите се се уште на терен и ќе работат без прекин се до санација на дефектот”, велат од Електродистрибуција за 4NEWS.mk

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни