Претседателот на државата Стево Пендаровски за точно објави дека се кандидира за втор мандат за претседател на Македонија.
„Сакам да најавам мојата граѓанска кандидатура за претседател на државата. Изминативе денови добив јавна поддршка за номинација за вториот мандат од граѓани дел од нив јавни личности, универзитетски професори, културни работници, луѓе кои ме познаваат и не ме познаваат“, истакна Пендаровски.
4NEWS.mk во живо ја пренесуваше прес конференцијата и може да ја проследите во продолжение:
Пендаровски побара широка граѓанска поддршка за неговата кандидатура и ги повика граѓаните да ја поддржат преку потписи.
Инаку СДСМ на последниот одржан извршен одбор даде поддршка за актуелниот претседател Стево Пендаровски да трча по втор мандат за претстојните претседателски избори.
За викендов партијата има закажано и конвенција на која се очекува таа одлука да биде официјализирана.