Македонија

ФОТО Невреме со град во делови од Македонија

ФОТО Невреме со град во делови од Македонија
ФОТО: Билјана Б.

Невреме проследено со град утрово го зафати село Ѓавото во општина Богданци. Силно невреме имало и во Мрзенци, Гевгелија. Нестабилноста се очекува да продолжи и во попладневните часови, не е исклучена можноста за ретка појава на ситен град.

Ситен град утрово и во Мрзенци, Гевгелија

ВРЕМЕНСКА НАЈАВА

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб локален дожд. За време на викендот ќе започне да дува јужен ветер и дневната температура ќе биде во пораст. Нестабилно време со нови поинтензивни врнежи проследени со грмежи се очекува во почетокот на следната седмица.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Фото: Билјана Б.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни