Македонија

На избори ќе може да гласате и со документи без „Северна“

На избори ќе може да гласате и со документи без „Северна“

Пратениците со 84 гласа „за“ ги изгласаа измените на Изборниот законик, со што на престојните парламентарни и претседателски избори ќе може да гласаат и граѓаните немаат документи со „Северна“.

Со преодната одредба на законот се уредува правото избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.

Како што пишува во еден од членовите, ова правило ќе важи само за овие парламентарни и претседателски избори.

Измените беа поднесени од кординаторите на пратеничките групи СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса за Албанците.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни