Македонија

Заврши собирањето потписи за претседател, ДИК ги објави конечните бројки

Заврши собирањето потписи за претседател, ДИК ги објави конечните бројки

Изборниот роковник и Државната изборна комисија (ДИК) кажаа стоп за собирање на потписи за кандидати за претседател на Македонија. Собирањето на потписи беше до полноќ, а најголемите партии се натпреваруваа со времето кој повеќе ќе собере за пократко време.

ДИК ги објави официјалните резултати, а според нив кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Дафкова е на првата позиција, веднаш по неа следува и кандидатот поддршан од редовите на СДСМ Стево Пендаровски.

Од 15 претенденти за претседател само 7 влегуваат на гласачкото ливче и директно ќе измерат која е нивната поддршка од граѓаните. Листите до Државната изборна комисија треба да бидат доставени најдоцна до 19-ти март на полноќ.Најголеми фаворити за вториот круг се Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски.

Партиите сè уште ги кројат кандидатските листи за пратеници. Се очекува да се достават пред истекот на крајниот рок на 2-ри април.

Собирањето потписи се одвиваше во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.

Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни