Претседателот Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил објави видео од Мира Симоновска од Делчево.
Се работи за жена која на 74-годишна го искачила врвот Ухуру, на Килиманџаро, на н.в. од 5895 метри.
„Одев чекор по чекор, а некаде морав и да лазам” – вели Мира Симоновски од Делчево, која на 74 години успеа да се искачи на врвот Ухуру, на Килиманџаро, на н.в. од 5895 метри. #ЛицевЛице поразговаравме за впечатоците од овој голем подвиг. Пред 4 години, пак, Мира ја достигнала висината од 5137 метри на врвот Арарат, во Источна Анадолија. А досега неколку пати се искачила и на Триглав. Со својата храброст и ентузијазам, верувам дека ќе биде инспирација и мотивација за многу други планинари“, пишува Пендаровски.