Македонија

На црквата на тетовското Кале поставено знаме на Албанија

На црквата на тетовското Кале поставено знаме на Албанија

Црковниот одбор при храмот „Свети Атанасиј“ во тетовската полиција пријавиле сквернање на овој верски објект заради тоа што е поставено знаме на Албанија.

Настанот бил пријавен вчера попладнет о околу 17 часот и 40 минути во СВР Тетово

-Пријавено е дека непознати сторители на куполата од црквата „Свети Атанасиј” на тетовското Кале поставиле албанско знаме, а на бандера на влезот во Калето било истакнато знаме на УЧК. Веднаш по пријавувањето на местото е испратена екипа од СВР Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од полицијата истакнуваат и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни