Македонија

Студентите на мирен протест пред Влада, се бара подобрување на условите на студирање

Студентите на мирен протест пред Влада, се бара подобрување на условите на студирање

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со одлука од деканатската управа денеска организира мирен протест пред Владата.

Најавите велат дека на отворено ќе се одржи и седница на наставно-научниот совет на факултетот. Студентите бараат власта да ги подобри условите за студирање на студентите.

Поддршка на протестот даде и Неформалната организација Студентска револуција, која ги повика на поддршка и студентите, професорите, како и вработените на УКИМ.

Наставата на факултетот се одржува во 8 различни објекти. Изградбата на новиот објект долго време е стопирана, не се презема ништо за нејзино повторно активирање.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни