Македонија

Во февруари издадени 387 одобренија за градење

Во февруари издадени 387 одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2024 година, се издадени 387 одобренија за градење, што е за 9.9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 8 819 983 илјади денари, што е за 10.9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 171 (44.2 %) се наменети за објекти од високоградба, 119 (30.7 %) за објекти од нискоградба и 97 (25.1 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 387 објекти, на 216 (55.8 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 171 (44.2 %) објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 951 стан, со вкупна корисна површина од 78 892 м2

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни