На 19.04.2024 во 00.05 часот во село Криволак, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле Ф.М.(20) од истото село, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија поради бегство од затворот.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната, соопшти МВР.