Македонија

Грчки државјанин измамен на „Богородица“ за 2000 евра!

Грчки државјанин измамен на „Богородица“ за 2000 евра!

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Пријавената, на 13.09.2023 на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни