Убави вести ни доаѓаат од Зоолошката градина Скопје.
Тие се пофалија со подмладок.
„Во фамилијата Бактријан двогрби камили имаме подмладок, оваа преслатка млада дама, која е второ дете на Карло и Мираи. Се роди на 03 април и по краток карантин со мајката, веќе ужива во пролетните сончеви денови. Да ни е жива и здрава“, напишаа од Зоо Скопје.