Во СВР Велес синоќа во 21:55 часот било пријавено дека на главната улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35-годишната велешанка М.Р. удрило во малолетен пешак.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, a по овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Малолетникот бил прегледан на Одделот за Радиодијагностика по што било утврдена скршеница на левата потколеница, и по дадената лекарска помош поради тежината на повредата малолетникот бил препратен на Клиниките во Скопје на понатамошно лекување.