Македонија

Изборниот процес се одвиваше непречено и без инциденти, вели Адеми

Изборниот процес се одвиваше непречено и без инциденти, вели Адеми

Арбер Адеми од ДУИ вечерва на прес конференција, по завршување на гласањето за претседателски и парламентарни избори, истакна дека гласачките кутии се веќе затворени.

Според него, процесот на гласање се одвивал непречено и без инциденти.

„Дозволете ми во име на изборниот штаб на Европскиот фронт да изразиме благодарност до секој гласач што ја избра европската иднина на земјата“, порача Адеми.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни