Македонија

Првични резултати: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

Првични резултати: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

Државната изборна комисија почна да ги објавува првичните резултати на својата веб-страница.

Тие покажуваат дека од обработени речиси 17 отсто од гласачките ливчиња, води кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 61,98 отсто од гласовите, а Стево Пендаровски од СДСМ има 30,48 проценти.

За претседател во вториот круг на гласање ќе биде избран кандидатот кој ќе добие мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излезат повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 725.727 гласачи, како што е предвидено во Изборниот законик, а за него гласале 362.864 избирачи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни