Македонија

Арсовска до Џафери: Не знам функционира во Форино, ама во Скопје НЕМА друг да ви го одржува дворот!

Арсовска до Џафери: Не знам функционира во Форино, ама во Скопје НЕМА друг да ви го одржува дворот!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска повторно упати порака за техничкиот премиер Талат Џафери, кој дал насоки за „нов напад“

„ВД Премиерот Талат од Форино дал насоки за нов напад од некаков си секретар на Владата, кој подеднакво не знае што му е работата.

Знаат пред некој ден да склучат договор од 2,2 милиони евра за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор.

Еве да ги потсетиме на договорот што го склучиле за одржување и косење на дворот во Влада и тоа за 330 илјади евра!

За “независните” медиуми, да потенцирам не е ова расправија за тоа чија надлежност е, тоа е јасно, Владата треба да си го среди своето.

За ретките медиуми кои истражија дека извесна фирма ТРИСТА ГРУП секоја година за косење и цвеќиња наплаќа МИЛИОНИ ЕВРА од државните институции, наместо да ангажираат јавно претпријатие за десет пати пониска сума.

И уште еднаш, не знам како функционира во Форино, ама во Скопје НЕМА друг да ви го одржува дворот, тоа ќе морате сами!“, вели Арсовска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни