Македонија

ДИК прифати седум преговори, ќе има прегласување на овие места!

ДИК прифати седум преговори, ќе има прегласување на овие места!

Државната изборна комисија на 104 седница прифати седум приговори, и тоа шест во Петтата изборна единица и еден во Шестата изборна единица.

Во ИЕ 5 прифатени се приговорите за избирачките места 1272 во Охрид, 1194 и 1202 во Крушево, 1844 во Струга, 1470 и 1470/1 во Долнени. Во Изборната единица 6 прифатен е еден приговор за избирачкото место 2102 во Желино.

Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни