Со пријателски разговор, кафе и баклава, градоначалникот и Претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски беше пречекан во старата чаршија од градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.
Средбата се одвиваше во рамките на серијата посети на сите општински раководства кои имаат за цел дискусија на темите кои ги засегаат граѓаните и изнаоѓање на соодветни решенија за нивните проблеми. Со градоначалникот Ганиу се дебатираше за сработеното, но поголемиот дел од времето беше посветено на проблемите кои настанале поради опструкции од страна актуелното раководство на градот. Беа издвоени приоритетите- целосна реконструкција на булеварот ,,Цветан Димов” и улицата ,,Џон Кенеди”, решавањето на сообраќајниот хаос со изградба на катни гаражи, за што како што истакна градоначалникот Ѓорѓиевски, е убеден дека градоначалникот на Чаир ќе најде начин да ги реши, но и дека заеднички ќе изнајдат решенија и за другите општински и градски проблеми, и покрај немањето слух од страна на градот. Оптимизмот, потенцираше, се должи на тоа што Скопје и сите општини ќе имаат вистински партнер во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а оној игнорантски однос од изминатите години ќе остане во минатото.
-Пријателско кафе во срцето на Скопје и средба со мојот драг пријател и колега, Висар Ганиу .Сакам да изразам огромна благодарност за прекрасниот пречек во старата скопска чаршија. Секогаш уживам тука бидејќи има посебен дух бидејќи чаршијата го сочува мултикултурното наследство на различни цивилизации која ги обединува и Македонци, Албанци, Турци и сите во нашето прекрасно Скопје. Благодарам за кафето и прекрасната домашна баклава. Како претседател на ЗЕЛС со Ганиу поразговаравме за неговата досегашна успешна работа во изминатите две години, но и за проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Скопје.
Како и секоја општина на територијата на град Скопје, така и општина Чаир се соочува со проблеми, но и со опструкции од страна актуелното раководство на градот. Потребна е целосна реконструкција на булеварот ,,Цветан Димов” и улицата ,,Џон Кенеди”, потребно е решавање на сообраќајниот хаос со изградба на катни гаражи итн за што сум убеден дека Висар ќе најде начин да ги реши овие работи. Без разлика на сѐ ние заеднички ќе изнајдеме решенија за општинските и градските проблеми. И покрај немањето слух од страна на градот проблемите заеднички ќе ги надминеме бидејќи Скопје и сите општини ќе имаат вистински партнер во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а оној игнорантски однос во изминатите години заминува во минатото.
Висар и неговиот прекрасен тим со кој имав чест да разговарам на повеќе теми, се длабоко посветени за да обезбедат подобри услови за жителите на Чаир. Морам да им честитам за нивната работа и посветеност за подобро утре. Ова е втора средба од почетокот на средбите со градоначалниците што во периодот што следува сѐ со цел да се најде решение за граѓаните на Скопје. Ќе ги посетиме општините, ќе ги детектираме проблемите и изготвиме решенија за што побрзо решавање на истите бидејќи градот Скопје и општините не смеат да чекаат. Скопје заслужува да биде повторно горд град-истакна Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.