Името на Славјанка Петровска, актуелна министерка за одбрана се споменува како можен наследник на Димитар Ковачевски. По поразот на СДСМ на парламентарните и претседателски избори, следува конгрес за отчет и внатрепартиски избори во партијата на кои според наши информации ќе дојде до целосна промена на раководството.
Лице блиско до раководството на партијата во разговор ни посочи дека токму Славјанка Петровска треба да ја преземе и реформира партијата бидјеќи досега небила поврзана со ниту еден коруптивен скандал, ниту пак зад себе има судско-обвинителски случаи.
Петровска има одлични релации и со стратешките партнери на Македонија. Често е во посета на ЕУ и САД, а доказ за тоа е и анкетата за високата поддршка за НАТО и од граѓаните на Македонија. Две третини од граѓаните на Македонија сакаат нивната земја да остане членка на НАТО. Ова се дел од податоците во годишниот Извештај на Генералниот секратар на НАТО Јенс Столтенберг за 2023 година, кои беа презентирани во година кога Алијансата ќе одбележи 75 години од нејзиното основање.
Од таму додаваат дека за нејзината успешност говорат и анкетите за испитување на јавното мислење каде министерството за одбрана кое таа го раковои е трета година по ред со максимални 100% активна транспарентност.
Министерството направи исклучителни чекори напред во активната транспарентност, имајќи предвид дека на првото мерење во 2016 година тоа беше 45. место. За само неколку години, во 2020 одбраната изби на првото место со 97,9%, додека од 2021 година осамна на првото место со максимални 100% исполнетост на критериуми.

Славјанка Петровска е министерка за одбрана на Република Северна Македонија од 17 јануари 2022 година.
Во периодот од 2020 година до стапувањето на функцијата министерка за одбрана е пратеничка во Собранието на Република Северна Македонија и член на Законодавно – правната комисија, Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следењето на комуникациите и Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.
Во периодот од јануари до јули 2020 година, Петровска беше дополнителен заменик министер за внатрешни работи во Владата која ги организираше и спроведе Предвремените парламентарни избори кои се одржаа во јули 2020. Од јуни 2017 година е шеф на кабинетот на Министерот за внатрешни работи. Во тој период е и потпретседател на двете работни групи задолжени за спроведување на реформите во безбедносно-разузнавачките служби и системот за следење на комуникациите. Од декември 2015 година до мај 2016 година и од септември до декември 2016 година е дел од кабинетот на Министерот за внатрешни работи.
Од 2008 година до 2015 година работи во Собранието, во Секторот за поддршка на Националниот совет за евроинтеграции, а од 2006 година до 2008 година работи во Секторот за меѓународна соработка.
Од 2003 година до 2006 година работи во Секретаријатот за европски прашања.
Славјанка Петровска е дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а во моментов е магистрант по управно право, на катедрата во рамките на овој Факултет.