Македонија

Од Вардар извлечено тело на маж, оди на обдукција

Од Вардар извлечено тело на маж, оди на обдукција

На 20.05.2024 околу 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во реката Вардар, на подрачјето на Центар, било забележано тело на машко лице. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го извадиле телото од реката.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни