Македонија

г. г. Стефан: Неприфатливо е откажување од името МПЦ и отстапување од македонската дијаспора во замена за томос од Вселенската Патријаршија

г. г. Стефан: Неприфатливо е откажување од името МПЦ и отстапување од македонската дијаспора во замена за томос од Вселенската Патријаршија

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ги образложи трите услови што ги поставува Цариградската патријаршија кон Македонската Православна Црква.

  • Откажување од името Македонска Православна Црква
  • Отстапување на Македонската дијаспора
  • Признавање на Православната Црква на Украина (чија автокефалија е доделена од Цариградската Патријаршија)
  • На новинарско прашањето кога може нашата црква да го добие томосот за автокефалност, одговори:

    „Па тоа не може да се претпостави, може да биде и утре, а може да биде и задутре, така што ние да ја чуваме црквата, да градиме односи со другите помесни православни цркви, тоа ќе дојде кога ќе се исполни времето како што порачува и апостолот Павле“, вели г. г. Стефан.

    Воедно, Архиепископот истакна дека овие три услови се неприфатливи за Македонската Православна Црква.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни