Кујна

Генијален трик за сечкање кромид: прстените и лентите од кромид излегуваат тенки како оние направени од професионални готвачи

Генијален трик за сечкање кромид: прстените и лентите од кромид излегуваат тенки како оние направени од професионални готвачи

Кога пржиме или динстаме кромид најчесто ситно го сечкаме и го ставаме во соодветен сад на оган. За хамбургери, салати, сендвичи и тортиљи, најсоодветен кромид е тенко исечен на прстени или ленти.

Генијален трик за сечкање кромид: прстени и ленти кромид, совршени за хамбургери и салати, излегуваат тенки како професионалните готвачи

Ако сте вешти со нож и ако е доволно остар, сечкањето на овој начин не е толку тешка задача.

Од друга страна, доколку еден или двата од овие два услови не се исполнети, а брзате, постои трик за едноставно и брзо сечкање на кромид на кришки и ленти, по што ќе заборавите да користите нож, пренесува данас.рс.

@casa_tips

White or red onion? which one do you prefer to eat ? Tell us in the comments. A fork + a strong peeler made in Germany = epic win ! #kitchenhacks #vegetablepeeler #casatips

♬ son original – Casa-Tips.com

Кромидот исечкајте го со машина за лупење компири

Ќе ви треба само една вилушка (по можност стара за да не ја оштетите новата) и лупеч за компири, краставици, тиквички и друг зеленчук со кора. Мора да биде обликуван како во следното видео каде што е прикажано како се сечка кромид на овој начин.

Главата од кромидот залепете ја на вилушка и држете ја како на видеото, а потоа почнете да го сечкате кромидот со лупачот. Ќе добиете исклучително тенки прстени или ленти од кромид, совршени за вашиот оброк.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни