Нова сообраќајна незгода на експресниот пат Штип – Кочани. Возило марка Сеат со кочански регистарски таблици, излетало од патот и се превртело, јавува ТВ Стар.
Оваа сообраќајка е најнова во низата на несреќи кои се случија на оваа делница во изминатите недели и месеци.
Според неофицијалните информации на ТВ Стар, возачот минал само со повреди, и и за среќа нема жртви од оваа тешка сообраќајка. Делницата е затворена за сообраќај.