Македонија

Невообичаени пријави на 112, со примери за навидум едноставни решавања, а со опасни, комбинирани специфични и ретки постапки

Невообичаени пријави на 112, со примери за навидум едноставни решавања, а со опасни, комбинирани специфични и ретки постапки

Секојдневно во ЦУК, на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, во пријавите за итни случаи што дневно се главно на број од 1500 до 2 000, има дел од секојдневните коишто се невообичаени итни случаи, а се и примери за случаи што имаат навидум едноставни решавања, а со опасни, комбинирани и специфични постапки. Тоа може да се посочи и преку два примера од последното деноноќие, што се примери за што се може да се јавуваат граѓаните, а во одредени случаи за сложеноста и опасноста при интервенциите на институциите и службите од Системот за управување со кризи (СУК).

Регионалниот ЦУК Скопје, извести дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК ед обиена пријава за надвисната гранка од дрво што претставува голема опасност за безбедноста на луѓето во населба „Колонија Идризово“ во насока кон Општина Гази Баба. Веднаш РЦУК Скопје го известил одговорното лице на ЈП „Паркови и зеленило“ за понатамошна постапка. По извидувањето на лице место од ЈП Паркови и зеленило известиле дека за да се изврши сечење ќе треба да поминат неколку денови. Конкретно гранката била заплеткана во кабли од ЕВН што се под напон. Покрај тоа што требало ЕВН да ја исклучи струјата и да изврши најава за прекин во електроснабдувањето во тој реон, потребно е да се оствари и безбеден начин на сечење а да не се прекинат каблите или околните кучи. Според информациите во ЦУК, двете институции координативно ќе ја извршат санација во некој од наредните денови.

На 112 во ЦУК, вчера, имаше пријавата за роење на пчели што се имаат собрано на гранка во поголем збиен рој, пред зграда на бул. „АСНОМ“, Општина Аеродром. Тоа претставуваше опасност за жителите кои живеат и се движат во непосредната околина на тој формиран рој пчели, особено за децата на коишто тој рој им предизвикува внимание за одблизу да го видат. По остварениот контакт со пријавителот, матицата со ројот пчели е безбедно собрана на едно место и ројот е дислоциран од професионални пчелари од Здружението на пчелари, а по извршената координација и барање од ЦУК, а биле контактирани и други институции и јавни претпријатија. Ова не било првпат да се има такви примери за отстранување роеви пчели од урбани средини. Но, при овој пример е неодминливо да се спомне и големата самоинцијативност и помагање од страна на грѓаните коишто не седеле „со скрстени раце“, како што се вели, и само да гледаат од страна, туку активно помагале на пчеларите од Здружението на пчелари. Практично, не било лесно да се отстрани ројот пчели, бидејќи бил на височина над 10 метри на грнките од поголемите дрвја.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни