Македонија

Движење Знам: Идните кадровски решенија ќе се утврдат низ интерна партиска процедура

Движење Знам: Идните кадровски решенија ќе се утврдат низ интерна партиска процедура

Од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија истакна дека за досегашната работа како и чекорите што ги преземаат во остварувањето на зацртаните политики и стратегии, јавноста ќе биде отворено и транспарентно информирана.

„Ги отпочнавме преговорите за соработка со ВМРО-ДПМНЕ и учество во идната влада, како и дека во кусиот период на разговори, може да се каже дека истите се во завршна фаза. Движењето ЗНАМ- За наша Македонија, како што истакнуваше и во кампањата за парламентарните избори, разговара и преговара многу сериозно со ВМРО ДПМНЕ врз основа на платформа, со која настапи и на параламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“. За Движењето ЗНАМ е важно Република Македонија да е демократска, современа, модерна, европска држава, втемелена врз Крушевскиот манифест и асномските принципи“, велат од Знам.

Тое додаваат дека Македонија да е самоодржлива држава, која произведува сопствена храна и енергија, што индиректно придонесува во јакнењето на независноста и суверенитетот на државата.

„Република Македонија како држава во која правдата е еднаква за сите и нема неказнивост и неказниви и селективност. Држава која промовира нулта толеранција кон корупција и ефикасно се справува со организираниот криминал. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија исто така информира дека со ВМРО-ДПМНЕ е разговарано и за одредени ресори, но тие во овој момент не се докрај дефинирани, ниту потврдени, а разговорите ќе продолжат во наредните денови. ЗНАМ потенцира дека во духот на транспарентноста во работата и почитта кон граѓаните и јавноста, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, навремено и точно ќе ги соопшти сите детали за кои е постигнат конечен договор за соработка и учество во идната влада. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија како политички субјект има квалитетни кадри кои можат да одговорат на предизвиците со кои се соочува државата во било кој ресор. Конкретните кадровски решенија и одлуките за тоа ќе ги донесат органите на Движењето ЗНАМ, низ доодветна интерна партиска процедура и истите ќе бидат соопштени во јавноста“, велат од Знам.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни