Американски воен авион од типот Ф-35Б, се урна во во Албакерки, Ново Мексико, при што беше повреден пилотот кој се катапултираше од авионот.
Несреќата се случила околу 13 часот и 50 минути по локално време јужно од меѓународниот Санпорт Албакерки, набргу откако авионот наполнил гориво во воената база.
Пилотот, кој бил единственото лице во авионот, безбедно се катапултирал и бил пренесен во болницата на Универзитетот во Ново Мексико во стабилна состојба, соопштија градските пожарникари и воените власти.