Македонија

Скопско село една недела без вода, од силен притисок повторно пукнала цевка – се интервенира!

Скопско село една недела без вода, од силен притисок повторно пукнала цевка – се интервенира!

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, денеска, е добиена пријава дека во с.Буковиќ (Општина Сарај) немаат вода една недела.

За ова веднаш е известено ЈП „Водовод и Канализација- Скопје”. Од таму ЦУК доби повратна информација дека Јавното претпријатие има интервенирано во текот на вчерашниот ден, но по интервенцијата поради силен притисок повторно цевката пукнала, сега на друго место.

Интервенцијата ќе трае денеска, а можно и утре. Заради отстранување на дефектот е можно вода да нема и во текот на утрешниот ден во тоа место.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни