Носењето на закони, чии текстови се менуваат на буквално 12 часа пред седницата е класичен шверцерат, велат од Левица.
Според нив, Левица цврсто стои на ставот дека системските закони кои се од огромна важност и баш поради ова не смеат да бидат менувани по скратена постапка.
„Зборуваме за системски закон, тоа е за измена и надополнување на Закон за организација и работа на органите на државната управа. Ние го добиваме материјалот во средаби вчера во 22:30 ч. вие го повлекувате Законот и поднесувате друга измена. Како очекувате пратениците да дискутираат за овој закон“ – истакна народниот пратеник Борислав Крмов во процедурално обраќање на денешната седница.
Тој вели дека Собранието го прават извршител, неполитички орган, којшто ја извршува волјата на политичките партии кои што прават договори позади сцена.
„Значи, ние продолжуваме со вониституционално водење на државата. Ова собрание нема редовна постапка. Скратената постапка е новата редовна постапка и се тераме на брза лента како да сме чиновници“ – појасни Крмов.