Македонија

Собранието продолжува со работа и после 01 часот по полноќ

Собранието продолжува со работа и после 01 часот по полноќ

Собранието вечерва пред полноќ ја продолжи седницата, на која се расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, предложен од Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

По 40 минути од почетокот на седницата, повторно пратеникот на Левица, Борислав Крмов побара едночасовна пауза.

„Нов ден е, помина полноќ, имаме право на пауза“, рече тој.

На ова претседателот на Собранието, Африм Гаши даде пауза од еден час.

Се очекува седницата да продолжи во 01:30 часот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни