Денеска во Ново Лисиче избувнал пожар во автомеханичарска работилница.
Според информациите, веднаш на терен излегле две возила и 7 пожарникари.
Според првичните проценки, направена е голема материјална штета. Изгорено е едно возило, а огнот зафатил и огревно дрво.
Повредени лица нема.