Македонија

Испишани графити и запалено македонското знаме во Куманово – на приватен објект поставено албанското знаме!

Испишани графити и запалено македонското знаме во Куманово – на приватен објект поставено албанското знаме!

Кумановската полиција извршила увид на локации во близина на населбата „Железничка станица“ каде биле испишани графити, било запалено македонското знаме и било поставено знаме на соседна земја, соопштија денеска од полицијата.

Случајот во полицијата бил пријавен вчера, кога бил извршен и увид.

– Вчера во 16:28 часот во СВР Куманово било пријавено дека на објект на приватна фирма во близина на железничката станица биле испишани графити и било поставено албанско знаме. Исто така, од страна на полициски службеници од СВР Куманово било утврдено дека на барака на месна заедница спроти Железничката станица биле испишани графити и дека било изгорено државното знаме на Република Северна Македонија, информираат оттаму.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни