Македонија

Се повеќе змии низ Македонија – бидете внимателни, нема специјализирана служба за нивно заловување!

Се повеќе змии низ Македонија – бидете внимателни, нема специјализирана служба за нивно заловување!

Центарот за управување со кризи информира дека на секои неколку денови има пријава за видени змии и во населени места.

„Нема специјализирана служба за нивно заловување и безбедно отранување, па порано кога дежурните немаа никакви такви информации за некој што отстранува змии да им дадат и да посочат на граѓание каде може да се обратат негодуваа и бараа – барем еден контакт да им се даде.

Па сега, иако ретко, во некои случаи кога дежурните пронајдоа и имаат такви информации (за пензионирани од Зоолошка градина, на пример) и кога ќе им се даде контакт на лица кои можат да отстрануваат змии, но по нивен претходен договор за услугата, неколку граѓаните се лутат што не била бесплатна таа услуга што ја даваат приватните лица коишто се способни да отстрануваат змии.

Но, поголемиот дел граѓани, покажуваат разбирање за тоа, споредувајќи го тоа како при секоја договорна услуга кога повикуваат мајстор за поправка на нешто дома. Исто така, тие граѓани истовремено покажуваат разбирање дека и не може во сезона на пожари пожарникарите да е користат секогаш дополнително плус и за такви специфични и ретки случаи, како на пример што се користат и за симнување на мачки од високи места и дрвја.

Почестата појава на змии во населени места индицира дека локалните самоуправи, а секако и на повисоко ниво специјализирани институции од ветеринарната област, во рамки на нивните можности е пожелно да се обидат во соработка со професионалци од ветеринарната област да им помогнат на граѓаните и за одбивање од одредени површини и реони со различни еколошки средства на змиите, а и со безбедно заловување во одредени случаи кога се во објекти во населени места.

Препорачливо е внимателно движење во природа, а при средбите со диви животни да бидете смирени, и да не се приближувате до животните многу блиску од љубопитност, бидејќи природата нема заштитни огради како во Зоолошка градина, тие се диви животни и ако се почувствуваат загрозени заради нивна самозаштита може да нападнат, конкретно заради одбрана на својот личен безбедносен простор, а потоа да избегаат. Носете стапчиња за движење во природа и низ густата вегетација пред вас да проверувате и да ги избркате змиите, секако ако ги има пред вас, а ако има случајно има каснување од змија да се повика 112.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи“, велат од ЦУК.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни