Денес ќе биде сончево и многу топло со натпросечни температури, а територијата на нашата земја ќе биде во портокаловата фаза за опасност од високи температури, велат од УХМР.
Сончево со мала локална облачност и многу топло со слаб до умерен северен ветер.
Максималната температура ќе достигне од 33 до 40 степени. UV=9
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 39 степени.