Македонија

Македонија и денес во портокалова фаза: Температури до 40 степени

Македонија и денес во портокалова фаза: Температури до 40 степени

И денеска ќе има високи надпросечни температури во цела Македонија. Во оделни делови температурите ќе се искачат до 40 степени.

Македонија и денеска се наоѓа во портокалова фаза. Препораката на Владата од пред неколку дена доенсена на седница и натаму важи. Ако немате потреба, не излегувајте надвор, а доколку морате, тогаш задолжително носете со себе вода и заштитна капа. Пијте многу течности, и конзумирајте лесна храна.

Екстремно високи температури ќе има денеска во јужниот дел на земјата, во Гевгелија и околината, каде што температурата ќе биде и над 40 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни